Кире Лазаров сам ја „прегази“ Украина

Македонската ракометна репрезентација со победа стартуваше во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2018 година. Македонија, предводена од Кире Лазаров, славеше против Украина со 27-21. Подмладениот состав на Лино Червар може дополнително да напредува, а денешната победа е добро загревање пред следниот матпревар. Лазаров со 12 погодоци ја предводеше Македонија, Манасков постигна шест, Талевски три, Стоилов два, а Георгиевски, Неловски, Прибак и Кузмановски по еден гол. Наредниот меч во квалификациите Македонија ќе го одигра веќе в сабота, кога ќе гостува во Чешка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *