Кај Кочани се судрија возила со бугарски и швајцарски национални ознаки, повреден маж од Виница

Денеска (07.03.2024) во 02.41 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат А3, на место викано „Слатина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Е.Г.(32) од Република Бугарија и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Г.(47) од Виница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Г. констатирани во Јавната здравствена установа Кочани, соопшти полицијата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *