Каменичка гордост: Девојчињата на „Баскет Кам“ се трети во Македонија

Кошаркарките на КК „Баскет Кам“ од Македонска Каменица со бронза се вратија од „фајнал фор“ турнирот во возрасната категорија до 16 години. По несреќниот пораз од Шкупи во полуфиналето, во кој голем удел имаше и пристрасното судење на судиите, „Баскет Кам“ во борбата за трето место ја совладаа Струга 2009.

Шампиони во М16 женска конкуренција се „Бадел 1862“ кои во финалето го совладаа Шкупи со убедливи 98-60.

Во секој случај, миленичките на каменичката публика го потврдија високиот квалитет со кој несомнено располагаат, а за што особена заслуга имаат тренерите Горан Даниловски и Јордан Цветановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *