Каменичанки немилосрдни во Кочани: Постигнаа дури 15 погодоци во мрежата на домаќинките

Македонска Каменица, 17.08.2020 година – Убедлива победа на ЖФК Каменица Саса во Кочани против ЖФК Кочани со 0:15.

Стрелци на головите за каменичанки беа Стефанија Маринковска, Мила Талевска, Ленче Андреевска и Марјана Нацева Ману со 5 голови, односно Ана Димитровска со 7.

Од ЖФК Каменица Саса натпреварот го оценуваат како одличен. Со солиден настап на целиот тим за очекувана и заслужена победа на девојките од Македонска Каменица.

На денешниот натпревар деби гол за сениорската екипа постигна Стефи Маринковска.
Управата на каменичкиот прволигаш и шампион во Првата македонска фудбалска лига за жени се заблагодарува за одличниот пречек од домашната екипа, со желби за многу успеси и соработка во иднина.

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај ⚽️🔝❤⚒

Leave a Reply

Your email address will not be published.