Каменичанец лишен од слобода поради обид за обљуба на 68 годишна жена

26 годишен маж од Македонска Каменица е лишен од слобода, бидејќи се обидел да изврши обљуба врз 68 годишна жена.

На 15.04.2024 во 16.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода А.В.(26) од село во Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека на 14.04.2024 се обидел да изврши обљуба врз 68-годишна жена од друго село во Македонска Каменица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *