Каменичанецот Влатко Стојановски ја засили екипата на Ренова

Ренова видно се засилува за пролетниот дел од сезоната. Каменичанецот и младински репрезентативец, Влатко Стојановски кој доаѓа од редовите на хрватскиот РНК Сплит од пред неколку денови е дел од екипата на Ренова.

20-годишниот Стојановски се договори за двегодишна соработка со Ренова, откако се одлучи на завршување на соработката со Сплит. Претходно младинскиот репрезентативец во домашното првенство настапуваше за ФК Каменица- Саса од родната Македонска Каменица и за Металург од каде во 2016 година се пресели во Хрватска.

Влатко Стојановски, кој игра во офанзивната линија, e стандарден член на актуелната младинска селекција на Благоја Милевски, денеска го постигна и својот прв гол за прволигашот од Џепчиште во триумфот од 5-0 против второлигашот Велазерими.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *