Каменица: Најнови одлуки на Општинскиот штаб за заштита и спасување

Денес, 07.05.2020 година, со почеток од 11:00 часот се одржа состанок на општинскиот Кризен штаб за спречување и ширење на заразата со ковид 19, во врска со потребата од преземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). Од страна на организационите единици вклучени во активностите за спречување и ширење на заразата со Ковид 19, Општинскиот штаб за заштита и спасување беше известен за моменталните состојби во Општината
– само 2 лица се во процес на самоизолација.
– Општинските Мобилни тимови во досегашниот период, според претходно утврден редослед и динамика имаат ги доделено 10 000 маски на жителите од општина Македонска Каменица (Во завршна фаза е делењето на заштитните медицински маски во преостанатите две села Дулица и Косевица.
По исцрпената дискусија и дадените согледувања и предлози од страна на членовите на општинскиот кризен штаб беа донесени следните заклучоци:
 
1. Остануваат во функција пунктовите за дезинфекција на автомобили и товарни возила на влезовите во градот кон Делчево и Кочани.
 
2. Од страна на ЈП „Камена Река“ и ТППЕ Македонска Каменица ќе се продолжи со интензивно перење и дезинфицирање на градските улици, јавните површини и заедничките простории во колективните живеалишта во Македонска Каменица. Граѓаните кои живеат во индивидуални живеалишта и понатаму ќе можат да се снабдат со дезинфекционо средство од Јавното претпријатие „Камена Река“ во текот на секој работен ден.
 
3. Продолжуваат вонредните и засилени контроли на Пазарниот инспекторат и МВР во сите јавни објекти, маркети и аптеки за строго регулирање на фрекфенцијата на клиенти. Истите се задолжуваат кон стриктно почитување на препораките за меѓусебно растојание и одредбите за контролиран влез, излез и престој на бројот на клиенти според големината на објектот.
 
4. Препорака до локалните фризерници и салони за убавина на територијата на општина Македонска Каменица, поради опасност од ширење на заразата со Ковид 19, за строго почитување на одредбите и мерките на Владата за обавување на оваа дејност во време на коронавирусот.
 
5. Општинскиот штаб за заштита и спасување донесе одлука за отварање на Градскиот зелен пазар, при што кон ЈП „Камена Река“ како претпријатие задолжено за стопанисување со истиот, ги наложува следниве одредби: да се изврши дезинфакеција на Градскиот пазр; распоред со задржување на минимум препорачано растојание помеѓу продажните места (тезги); засилена редарска служба и контролни редарски пунктови на сите влезови на Градскиот пазар со обезбедени средства за дезинфекција и со минимум обезбеден простор за посетителите при чекање за влез. Посетителите на Градскиот пазар се задолжуваат со себе да носат заштитни медицински маски и да не се задржуваат безпотребно на Градскиот пазар, со цел одржување на потребна социјална дистанца и зголемена лична заштита и заштита на останатите посетители.
 
6. Останува да важи забраната за користење на сите отворени и затворени спортски терени, забавни паркови и повеќенаменски игралишта на територијата на општина Македонска Каменица. Да се воведат засилени полициски контроли за придржување на граѓаните кон оваа забрана.
 
7. Продолжува важноста на дозволите за движење во време на полициски час на граѓаните кои имаат потреба од прехрана на добиток, пчеларство, нега на други лица и превоз на вработени лица од семејството до нивно работно место. Престануваат да важат сите дозволи за движење во време на полициски час за извршување на земјоделски, полски и градинарски работи. Граѓаните истите да ги извршуваат во дозволениот временски период за движење.
 
8. Старите и изнемоштени лица над 60 годишна возраст да продолжат со користење на услугите на мобилните тимови на општина Македонска Каменица, со повикување на телефонските броеви 078 651 089; 071 377 841; 078 416 528; 078 218706.
Преку воспоставените телефонски линии овие граѓани можат да пријавуваат потреба од достава на лекови, средства за дезинфекција и храна. Со напомена дека самите го преземаат трошокот за набавка на истите.
 
9. Препорака до поголемите производствени субјекти во регионот кои организираат сменско работење и превоз на работниците да вршат редовна дезинфекција на превозните средства и работните простории на истите. Исто така, потребно е да обезбедат доволно безбеден меѓусебен простор со користење на заштитна опрема за работниците при нивниот транспорт до работното место и назад.
 
10. Кризниот штаб на општина Македонска Каменица на поголемите маркети и аптеки им препорачува да вршат планиран и организиран прием на роба. Да се придржуваат кон мерките за безбедност и здравје на работниците и клиентите, односно редовно поседување на заштитна опрема на возачит, дистрибутерите и вработените при прием на роба и нивен престој пред и во објектот.
 
11. Општинскиот штаб за заштита и спасување им одобрува на општинските културни установи да организираат концерти на отворено, со напомена дека истите треба да се одржат без публика во време на полициски час. Настапите на ангажираните уметници ќе биде пренесувани преку онлајн врска на социјалните мрежи.
 
Поради сериозноста на ситуацијата, Општинскиот Кризен штаб на Македонска Каменица упатува молба до сите граѓани и понатаму да се придржуваат кон мерките на Владата, вклучително и најновите одредби со кои се ограничува движењето на граѓаните до целосно надминување на состојбата со коронавирусот.
 
 
Општински кризен штаб за спречување и ширење на зараза со Ковид 19
Општина Македонска Каменица
07.05.2020 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *