Каменица: Градоначалничката Стаменкова во посета на Полициското одделение по повод 7 Мај – Денот на полицијата

Градоначалничката Соња Стаменкова, денешната посета на Полициското одделение во Македонска Каменица го искористи лично во свое име, во име на Советот на општината и граѓаните на Македонска Каменица да им го честита 7 Мај – Денот на полицијата.

Во официјалното соопштение до јавност од официјалната страна на социјалните мрежи на општина Македонска Каменица се вели:

 

Денеска, при посетата на Полициското одделение во Македонска Каменица имав прилика, во свое лично име, во име на Советот на Општината и во име на граѓаните на Македонска Каменица, лично на сите припаднички и припадници на полицијата и безбедносните служби им го честитам 7 Мај, Денот на полицијата.

Посветеноста и професионалноста со кои и во време на вонредната состојба во државата ја извршувате Вашата професија се одлики за пример, почит и пожртвуваност.

Вие сте столб на кој се потпира државноста и ја гарантира внатрешната безбедност.

Како Градоначалник, станувам посветена на продлабочување на успешната соработка со Полициското одделение во Македонска Каменица, првенствено со заедничка цел за продолжување на успешната борба за заштита и спречување на ширење на заразата со Ковид19, како и обезбедување безгрижен живот и непречена примена на законите во интерес на граѓаните на општина Македонска Каменица

Со искрена благодарност за Вашата посветеност и професионалност ви посакувам многу успеси во сите идни активности.

 

Со почит,
Градоначалник на
општина Македонска Каменица
Соња Стаменкова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *