Истокот со сѐ помалку родени деца. Македонска Каменица со -13, Виница и Берово со по -30 деца

За една година, во Македонска Каменица се родиле 13 деца помалку, додека во Виница и Берово се родиле по близу 30 бебиња помалку. Општините, кои и онака имаат мал број на население, се во опасност бројот на жители драстично да им се намали и да се претворат во места на старци.
Ова не е толку неверојатно, ако се знае дека за да има нормален прираст, неопходнои се по три деца во семејство – две кои ќе бидат перспективна замена за биолошките родители и третото кое ќе биде во функција на зголемување на наталитетот.
Наместо тоа, бројот на бебиња во Берово, за една година се намалил од 117 на 90, што е за 27 помалку, а во Виница од 187 на 159 или за 28 помалку:
Младите не се одлучуваат за повеќе деца бидејќи не можат со овие плати да им обезбедат комотен живот, сметаат анкетирани жители на истокот.
Ништо подобро не е ниту во останатите општини од регионот. На ниво на 11-те општини од Истокот, бројот на новородени се намалил за 49 и тоа од 1.615 во 2015-та на 1.566 лани.
Пробиштип е со негатива од 25; Пехчево 14; Кочани – 13.
Нашите на времето имале по 9 деца, порано повеќе се раѓаше, сега младите не сакаат многу обврски, а и не можат да издржуваат толку деца, велат граѓани на Штип.
„Белата чума“ го пустоши регионот со годинии наназад, а бројот на новородени бебиња, секоја година е се помал. Осен што не се раѓаат, деца одовде дополнително и се иселуваат.
Оваа година од училиште се отпишаа две дечиња поради заминување за Германија, а уште две најавија дека од истите причини, наредната учебна година ќе го напуштат училиштето, кажа Валентина Михаиловска, дир. на ОУ „Св. Климент Охридски“ – Делчево.
Состојбата е повеќе од алармантна, но колку точно не има и која е старосната структура на населението од Истокот , без попис не може да знае никој.

Извор: СтарТВ – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *