Исплата на априлските пензии во банка: Први во ред пензионерите со примања до 11.000 денари

Од денеска ќе почне етапната исплата на пензиите на шалтерите на банките според висината на износот. Првиот ден е резервиран за пензионерите со примања до 11.000 денари, утре (вторник 28 април) во ред ќе застанат лицата со пензии од 11.001 до 14.000 денари. Исплатата на пензиите од 14.001 до 18.000 денари исплата е планирана за среда (29 април), а последниот ден од месецот (30 април) е оставен за пензии повисоки од 18.001 денар.

Етапната исплата на пензиите е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од ковид-19.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, веќе можат да ги користат парите за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, пензиите можат да ги подигнат на банкоматите на банките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *