Импров група – „НАСТАП“ во Дом на култура во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 18.02.2020 година – На 20. февруари,четврток, со почеток од 19:00 часот во Домот на култура, каменичани ќе имаат можност да проследат невообичаена театарска претстава која изобилува со импровизации, спонатаност и интеракција со публиката. Станува збор за Импров Настап, во кој актерите ќе играат сцени за кои немаат сценарио, но имаат правила, во зависност од играта. Овој вид на ‘целовечерна претстава без сценарио ѝ дава можност на публиката директно да учествува во создавањето на содржината преку задавање на локации, ликови или проблеми во сцените, кои актерите тогаш, за прв пат, ќе ги одиграат.

Билетите по цена од 100 денари можат да се купат од билетарата во Дом на култура.
Влезот не дозволен за лица под 14 години.

Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица преку Програмата за работа на КИЦ Романса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *