Изградба на патишта во село Косевица и урбанистички планови за село Луковица, Моштица и село Саса

Македонска Каменица, 25. Јуни 2019 година – Од општина Македонска Каменица известуваат дека се пристигнати Решенијата за изградба на локален пат во село Косевица и изработка на урбанистички план за селата Луковица, Моштица и село Саса.

Средствата во висина од 18.000.000,00 денари општина Македонска Каменица ги обезбеди преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, која се спроведува од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Преку оваа програма општина Македонска Каменица ќе искористи финансиски средства во износ од 12.000.000,00 денари за изградба на локални асфалтни патишта во село Косевица, и тоа до маало Бошњаци, Врбаци и Пашите. Финансиските средства од скоро 6.000.000,00 денари добиени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, ќе бидат наменети за изработка на урбанистички планови во селата Луковица, Моштица и село Саса, – изјавуваат од општина Македонска Каменица

Дополнително ќе биде утврден опфатот на урбанистичките планови во наведените селски средини, а реализацијата продолжува со започнување на тендерска постапка за избор на најповолен понудувач за изведба на проектите, -додаваат од општина Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *