Изгаснат пожарот на градската депонија во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 07.02.2021 година – Како што известивме пред еден час, градската депонија во Македонска Каменица, беше зафатена од пожар. Пожарот беше локализиран од екипите на ТППЕ и ЈП Камена Река, а со последната изјава на командирот на Противпожарната единица во Македонска Каменица, Малин Трајчевски пожарот е целосно изгаснат.

Причините за настанатиот пожар, досега не се познати. Не е причинета поголема материјална штета. Брзата реакција на екипите спречи пожар од поголем размер, – додаде во изјавата командирот на ТППЕ Македонска Каменица.

За целосна сигурност и обезбедување на теренот, екипите на ТППЕ помогнати со крупна механизација од ЈП Камена Река остануваат на терен до утринските часови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *