Извлечено е луксузното возило од Калиманско Езеро. Причините за потонувањето нејасни

Македонска Каменица 27.04.2018 – Од СВР Штип за kamenica.mk денес ја потврдија веста дека, денес во 13 часот од водите на Калиманско езеро е извадено луксузно возило марка, Audi Q7. Сопственикот на возилото, кое е со швајцарски регистарски таблици не и е познат на полицијата, како и причините и начинот на кој се случил овој немил настан. Причинета е значителна материјална штета. Автомобилот бил празен и засега човечки жртви не се утврдени.

Од МВР изјавуваат дека истрагата е во тек. Нови информации за случајот дополнително ќе бидат објавени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *