ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СВЕШТЕНСТВОТО ДО ВЕРНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ПО ПОВОД „ЗАДУШНИЦА“ – САБОТА 02.МАРТ 2019

„Задушница“ е денот кога си спомнуваме за душите на нашите блиски починати. Денот кога со пченица, вино и свеќа ги посетуваме гробовите на покојните и со свештеникот се молиме за помилување на нивните души. Според верувањата на народот, задушница е ден кога душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење.

Од свештенството при Светиот храм на „Успение на Пресвета Богородица“ го објавуваат следниот распоред и редослед за нивно заедничко молење со верниците на гробиштата од територијата на општина Македонска Каменица, во сабота на 02.Март 2019 година:

Моштица: 06:00 часот

Саса: 06:00 часот

Македонска Каменица:

Нови гробишта/Капела 08:30 часот

Стари гробишта/Св. Илија 09:30 часот

Грчки гробишта 08:30

 

Од свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ – Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *