ИЗВЕСТУВАЊЕ од ЛД “М. Каменица – САСА” од Македонска Каменица до сите свои членови – ловци пред претстојната ловна сезона

ЛД “М. Каменица – САСА” ги известува своите членови дека сезоната за отстрел/лов на дивеч ќе започне на 01. Октомври 2016 год. за дива свиња и од 11. Октомври 2016 год. за лов на зајак. Истата ќе трае се до 31. Јануари 2017 год.

Исто така ЛД “М. Каменица – САСА” ги известува своите досегашни и идни членови – ловци дека годишната членарина за ловната сезона 2016/2017 година ќе изнесува 4000 денари. Сумата во дадениот износ можат да ја уплатат во Комерцијална банка на ж.см.300320000025046 најдоцна до 30.09.2016 година, а после дадениот рок 30.09.2016 година истата ќе биде во висина од 6000 денари.

received_1481998435160745

Од ЛД “М. Каменица – САСА” напоменуваат дека според статутот на друштвото ќе бидат превземени соодветни санкции и мерки против сите ловци кои ќе бидат затекнати на територијата на ловиштето без регулирано членство и обврски кон ЛД и истите ќе бидат исклучени од друштвото.

received_1482000455160543

Здружението на граѓани Ловно Друштво “М.Каменица – САСА” од Македонска Каменица веќе втора година по ред е концесионер на ловиштето “Вратиславци” кое на територија од 6070 хектари располага со доста голем фонд на дивеч како прелетен, така и ситен и крупен дивеч.

ЛД “М. Каменица – САСА” со редица свои активности на локално ниво, а и преку нивната соработка, на повеќе нивоа, со други ловни друштва од земјава и странство само се потврдува нивната заложба за активно вклучување за развој на туризмот во Македонска Каменица, особено на ловниот туризам.

ЛД “М. Каменица – САСА”

Македонска Каменица

received_1482003295160259

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *