Ибрахимовиќ на лов во Штип. Ќе има ли “Разгеле”?!

Со Ибрахимовик се сликаше и македонскиот репрезентативец во ракомет Мартин Поповски (во средината)

28. Јануари 2018 каменица.мк

Познатиот фудбалер и пасиониран ловец Златан Ибрахимовиќ, денеска е виден во Штип, во еден од градските ресторани. Популарниот Ибра не се криеше, напротив како и секогаш ведар и насмеан љубезно се поздравуваше со оние кои го препознаа, што и не беше некоја тешка и сложена работа.

26993434_165046164137018_8183647041227709890_n

„Ибрахимовиќ делуваше како сосема обична личност, без било каква придружба се движеше во индустрискиот дел на градот каде се сместени и бројни ресторани. Кога влезде внатре многумина посакаа да се сликат со него, а тој никого не одби“, ни изјави ќелнер вработен во ресторанот во кој Ибрахимовиќ ручал.

Тој е познат како пасиониран ловец па се верува дека во Штип дошол да лови во познатото ловиште на Серта, каде секоја година на лов доаѓаат најмногу Грци но и ловци со дебели портмонеа кои плаќаат без да прашат за уловениот дивеч.

Колку денови ќе остане Ибра во Штип и во Македонија останува тајна но голем број штипјани вечерва тргнаа во „лов“ на Ибахимовиќ сакајќи да го видат Швеѓанецот во живот и да си направат фотка за сите времиња со оваа легенда на современиот фудбал.

Наше е да останеме будни и очекување на селфи од првото “Разгеле” на Ибра. Штипјани, до утре можеби ќе бидат и сведоци на некое кругче на “кружнио кај скверо” со утепана дива свиња на хаубата од некоја Лада Нива и Златан На предното совозачко седиште.

Извор: ИстокПрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *