Златни медали за сестрите Малчовски на Втората македонска математичка олимпијада (МММО 2023)

Македонска Каменица, 14. Март 2024 година – Во рамки на Втората мала македонска математичка олимпијада одржана на 16. Септември минатата година на Машинскиот факултет во Скопје, Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица го претставуваа тројца ученици кои постигнаа одлични резултати на натпреварите.
Златен медал за освоено прво место на национално ниво од Втората мала македонска математичка олимпијада има Каја Малчовска, тогаш ученичка во V одделение. Со златен медал се закити и Бисера Малчовски, помалата од сестрите Малчовски, тогаш ученичка во второ одделение, за освоено второ место на национално ниво.
Со сребрен медал за освоено 13 место на математичката олимпијада се закити ученикот од трето одделение, Петар Гоцевски.
Упатуваме честитки до учениците за освоените награди, честитки до училиштето за постигнатиот успех, како и честитки до нивните наставници и ментори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *