Зимскиот распуст на учениците продолжен до 23 Јануари

„Оваа мерка е повеќе од потребна, имајќи ја предвид тенденцијата на намалување на заболени од грип од нула до 14 години, во време на распустот, тоа може да го потврдиме со конкретни податоци, од почетокот на 2017 година до денес, според системот Мој Термин, се евидентирани вкупно 8.800 лица заболени од грип, од кои 1300 се на возраст од 0 до 14 години, до 31 декември 2016 се евидентирани 13.650 лица заболени од грип од кои 4609 се на возраст од 0 до 14 години.“ – изјави Никола Тодоров

Оваа мерка експерите се убедени дека ќе доведе до намалување на болните грип. Освен оваа мерка, одлучено е да се изврши и дезинфекција на јавниот градски превоз почнувајќи од денеска. Дезинфекцијата ќе се врши во ноќните часови. Утре и за време на викендот ќе се дезинфицираат и сите градинки, како и сите училишта пред почетокот на второто полугодие. Комисијата за заразни болести препорачува одржување на високо ниво на хигиена и често проветрување на просториите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *