За викендот сончево, но со студени утра

За време на викендот времето ќе биде сончево, но со ниски утрински температури. Од понеделник повторно се очекува зголемување на облачноста, а веќе во вторник и повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури до среда ќе бидат во пораст.

Утре минималните температури ќе се симнат до -10 степени, а во текот на денот температурата ќе достигне до максимум девет степени. Студено утро ќе има и во недела кога се очекува температурата да падне до -12 степени, а максималната ќе се искачи до 12 степени. Веќе од понеделник и утринските и дневните температури ќе бидат во благ пораст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *