Заштитни огради за зголемена безбедност и сигурност во сообраќајот

Македонска Каменица, 13.03.2019 година – Во изминатиот период, се вложуваат значителни напори за подобрување на безбедноста и сигурноста на граѓаните на територијата на општина Македонска Каменица. Покрај изградбата на неколку улици во централното градско подрачје, повеќе патишта и пристапни кракови во селските средини, општината продолжува со градежни активности со кои се зголемува безбедноста и на пешаците во сообраќајот. Па така, на повеќе критични места по сигурноста при движењето на пешаците долж тротоарите, пешачките патеки и мостови се поставуваат заштитни метални огради, со кои значително се подобрува безбедноста.

Општина Македонска Каменица продолжува да работи на подобрување на безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Покрај уредувањето на поголем број на тротоари, пешачки патеки и мостови, продолживме со поставување и на заштитни огради на критични места по сигурноста на граѓаните.
Во изминатата година, вакви заштитни огради веќе беа поставени на повеќе места во градското подрачје и во неколку од селските средини во општина Македонска Каменица – изјавуваат од општина Македонска Каменица

Од општината изјавуваат дека, ваквите градежни активности, во насока на зголемување на безбедноста на граѓаните во сообраќајот ќе продолжат и во следниот период, при што ќе бидат опфатени и пошироките појаси од градските и приградски средини и на места во селските средини каде што е потребно да се преземат наведените градежни актвности.

Leave a Reply

Your email address will not be published.