Заштитна медицинска опрема и помагала за здравствените работници во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 10.05.2021 година – Заштитна медицинска опрема и помагала за потребите на Здравствената станица, Итната Медицинска помош и здравствените работници во Македонска Каменица, денеска беше донирана од страна на градоначалничката Соња Стаменкова.

„Се соочуваме со глобална здравствена криза од која никој не е поштеден. Заштитната медицинска опрема во овој момент е најпотребна на оние кои секојдневно се во првите редови и се грижат за здравјето на граѓаните. На овој начин сакаме да ги поддржиме здравствените работници и да го дадеме својот придонес во заштитата на јавното здравје“ – истакна градоначалничката Соња Стаменкова, при денешната посета на Здравствената станица во Македонска Каменица

Донацијата е во рамки на одбележувањето на Денот на здравството и доаѓа во време кога здравствените работници се први на линијата во борбата со пандемијата од Ковид 19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *