ЗАСИЛЕНАТА ФК КАМЕНИЦА САСА ПРВА ГИ ЗАПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА

12. Јануари 2018 каменица.мк

ФК Каменица САСА прва од екипите во лигата ги започна подготовките за пролетната полусезона од Втората фудбалска лига на Македонија. Како што изјавуваат од стручниот штаб на тимот претстојниот подготвителен период освен за кревање на физичката подготвеност кај играчите, ќе биде искористен и за редица пријателски натпревари, се со цел дополнитено воигрување на екипата. Првиот контролен натпревар е веќе на 24 или 26 Јануари со струмичка Беласица, а потоа следуваат пријателски натпревари со Брегалница Штип и Академија Пандев. Потребата од ваквиот посериозен пристап и интензивен начин на подготовки, е согледана по направената детална анализа од страна на новото водство во клубот, за работата, условите и “успесите” на тимот во досегашниот есенски дел од натпреварувањето, за кои повеќе ќе говориме во некоја следна прилика.

Вчера во просториите на тимот беа претставени новите можни засилувања на екипата, како и играчите кои од редовите на младинските категории на ФК Каменица САСА преминуваат во тренажен процес со првиот тим на екипата. Младинци кои преминуваат во составот на првиот тим на ФК Каменица САСА се: Филип Гоцевски, Христијан Николовски, Давид Китановски и Михаил Јанев. Додека првични можни засилувања на тимот кои вчера беа промовирани од страна на клубот се:

  • Никола Димовски, досегашен член на ФК Академија Пандев од Струмица. Досега има настапувано во редовите на Еуромилк и Македонија ЃП. Во редовите на Каменица САСА доаѓа на позајмица за претстојниот пролетен дел.
  • Ново засилување во редовите на Каменица САСА е и Ѓорѓи Глигоров, поранешен член на екипите на Турново, Силекс и Беласица.
  • Александар Максимов кој има настапувано за екипите на Маџари Солидарност, Турново, Раднички од Ниш и Металург.
  • Мартин Гоцевски, кој досегашната кариера ја градеше во Пирин од Благоевград и во повеќе тимови од соседна Бугарија, а има настапувано и за Брегалница од Делчево.
  • Огнен Лазаров, доаѓа од редовите на Слога од Виница, а неколку сезони има одиграно и за екипата на Асти (Италија), тим кој се натпреварува во италијанската серија Д.
  • Дарко Пешовски, поранешен стандарден првотимец на Осогово и Брегалница од Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *