Заради “Пуштете детето бе…” Светиот крст и годинава нема да шета низ Делчево. Даровите за Светиот крст ќе се носат во црквата

Наближува еден од поголемите христијански празници, Богојавление или Водици, денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Со одбележување на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.

Tрадиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.

Како и во сите градови така и во градот Делчево се одбележува овој празник. Традицијата е кој го фати Светиот крст, со него да ги помине сите куќи од градот, а жителите го даруваат крстот и се молат за здравје и среќа во текот на годината. Пред неколку години токму во Делчево, на овој празник, во водите на реката Брегалница се случи инцидент на кој граѓаните на Делчево многу не сакаат да се потсетуваат, па од тогаш од црквата е одлучено Светиот крст да не се предава на чесниот фаќач, туку да остане во црквата, а сите граѓани кои сакаат да го даруваат крстот, одат во црквата.

Од страна на учесниците на овогодинешното осветување на реката Брегалница во Делчево, се појави иницијатива, со која ќе се побара од црквата да се одобри на фаќачот на крстот да ги помине сите куќи низ градот, а соберените парични средства да се донираат во хуманитарни цели, поточно на оние кои им е најпотребна оваа помош.

„Како што знаете сите, Светиот крст повеќе не го предаваат на чесниот пронаоѓач да ги помине куќите со него. Мојот предлог е доколку сите учесници се согласуваат, кој успее да го фати крстот, да покренеме иницијатива црквата да ни го предаде крстот, а соберените парични средства да ги донираме во хуманитарни цели, бидејќи има луѓе во нашиот град на кои што им е потребна помош“ – гласи предлогот на еден од учесниците.

Стапивме во контакт со еден од учесниците кој бил во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ да го соопшти овој предлог, а од страна на свештените лица оваа иницијатива била експресно одбиена без повеќе или помалку размислување.

Кај граѓаните на Делчево остана прашањето, зошто поповите не сакаат да ја одобрат оваа хуманитарна иницијатива, која ќе помогне на многумина на кои им е потребна помош во овие студени зимски денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *