Заради обилните снежни врнежи екипите на ЈП Камена Река остануваат на терен и во ноќните часови

Заради обилните врнежи од снег во текот на денот, а особено во попладневните и вечерните часови, екипите на ЈП Камена Река остануваат на терен. Интензивно се чистат сите улици во Македонска Каменица, како и патиштата кон селските средини.

Од ЈП Камена Река апелираат, граѓаните на Македонска Каменица во текот на утринските часови, сите да пристапат кон чистење на снегот од пред своите домови, дуќани и деловни простории, со што дополнително би се олеснило движењето.

Заради отежнатите услови за сообраќај, од ЈП Камена Река препорачуваат да се избегнува движење со автомобили во текот на ноќта, особено по патиштата кон селските средини.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *