Започнуваат натпреварите во футсал за вработените во Рудник САСА

Започнуваат натпреварите во футсал за вработените во Рудник САСА

Македонска Каменица, 17. Март 2023 година – Денеска, во просториите на Рудник САСА, во присуство на претставници од сите 9 пријавени екипи, беше извршена ждрепка за претстојниот турнир во футсал. Натпреварите, како и минатата година, ќе се одиграат во Спортската сала “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица. Распоредот со термини од натпреварувањето и почетокот на турнирот дополнително ќе бидат објавени.

Оваа година ќе се натпреваруваат екипите на: Флотација, Машинско одржување, Хоризонт 990, Администрација, Саса – Транзициони проекти, Електро одржување, Рудник, Хоризонт 910 и екипата на Технички служби

Зголемениот интерес за спортските игри во кои учествуваат вработените во Русник Саса, ветува многу интересни моменти и убави спортски доживувања за љубителите на фудбалската игра и посетителите на натпреварите во спортската сала во Македонска Каменица.

Ова е второ натпреварување од ваков вид во кое учествуваат вработени од Рудник Саса. Минатогодишен победник и екипа која ќе го брани трофејот на футсал турнирот е екипата од Електро одржување.

Резултатите од ова натпреварување редовно ќе бидат објавувани на www.kamenica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *