Започна реконструкцијата на трибините од Градскиот стадион во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 06.05.2021 година – Во склоп на Договорот за бетонски работи и партерно уредување, општина Македонска Каменица ја започна реконструкцијата на трибинскиот дел од Градскиот стадион.

Градоначалничката Соња Стаменкова за оваа активност на општината објави соопштение за јавност на официјалните профили на социјалните мрежи кадде стои дека, „Локалната самоуправа ги следи успесите на спортските клубови во Македонска Каменица и покрај финансиската поддршка за развој на спортот, посветено работиме и на подобрување на условите за нивно непречено функционирање“.
По завршувањето на градежните работи граѓаните на Македонска Каменица и љубителите на фудбалот ќе добијат пристојни услови за следење на натпреварите на својот омилен, машки и женски, фудбалски клуб Каменица Саса. Исто така, ќе бидат поставени 1500 стандардизирани трибински столчиња за дополнителна удобност на посетителите.
Во изминатиот период, додава Стаменкова, како локална самоуправа во соработка со заедницата изградивме Повеќенаменско спортско игралиште со најмодерна “спуртон” подлога и целосно ја реновиравме Спортската сала во Македонска Каменица.
Од општината како следни активности ги најавуваат „целосното доуредување на Градскиот стадион и изградба на дополнителни содржини на помошните терени и игралишта“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *