Започна постапката за изработка на урбанистички планови во Луковица, Моштица и Саса

Македонска Каменица, 13.11.2019 година – Општина Македонска Каменица преку Агенцијата за поддршка на руралниот развој обезбеди средства за изработка на урбанистички планови во селата Луковица, Моштица и Саса. Со обезбедените средства во висина од 6.348.480,00 денари, со вклучен ДДВ, и изработката на урбанистичките планови во овие рурални населени места, општина Македонска Каменица ги подобрува условите за живот во селските средини.

Рокот за изработка на овој проект е 540 денови или 18 месеци од потпишувањето на Договорот за оваа услуга за која општина Македонска Каменица, почнувајќи од 12.11.2019 година, преку Јавен оглас бара најповолен изведувач.

Содржината на Јавниот оглас тука

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *