Започна изградбата на Ултрамодерниот спортски комплекс во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 18.07.2022 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица изрази огромно задоволство од почетокот на реализација на едно големо ветување кон граѓаните, Ултрамодерниот спортски комплекс во Македонска Каменица.

Проектот, како што истакнува Атанасовски, ќе биде завршен во рекорден рок и нашиот град ќе добие едно извонредно обележје на простор кој со децении стои руиниран.

“Ветивме дека комплетно ќе го модернизираме градот и дека ќе изградиме патна, водоводна и канализациона инфраструктура во најголем дел од општина Македонска Каменица и забрзано чекориме кон поставените цели”, – додаде во продолжението од текстот градоначалникот Димчо Атанасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *