ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПРИСТАПНИТЕ ПАТИШТА ДО ДОГАНСКО И ЦОЦЕВСКО МААЛО ВО СЕЛО ДУЛИЦА

Македонска Каменица, 26. Април 2018 – Општина Македонска Каменица во рамки на своите овластувања, го започна планираното асфалтирање на пристапните патишта во селските средини, предвидено со Програмата за работа од 2018 година. Денес, фирмата изведувач „Стоименов“ ДООЕЛ – Кочани, започна со асфалтирање на пристапни патишта до Доганска маала и Цоцевска маала во село Дулица. Станува збор за пат со должина од 1055 метри и ширина на тампониран дел од коловоз 5,5 метри со 3,5 метри асфалт. Финансиската вредност на овој проект е 6.847.871 МКД.


Планирана е изградба на уште неколку пристапни патишта во останатите рурални средини, како и изградба на повеќе помали кракови, се со цел обезбедување на подобри услови за живеење на жителите и во руралните средини од општина Македонска Каменица.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *