Започна асфалтирањето на новата градска улица “Даме Груев”

Македонска Каменица, 23.12.2020 година – Денеска започна асфалтирањето улицата “Даме Груев” во Македонска Каменица. Новата градска улица е со огромен значај за подобрен и олеснет пристап до домовите на жителите од овој дел на градот.


Во рамки на изведбата на 390 метарската улица, целосно е изграден нов систем за одводнување на атмосферските води, како и заштитно потпорен ѕид. Асфалтирањето на коловозот се одвива во две фази. Првата фаза со поставување на 7 сантиметри асфалт и втора фаза од 4 сантиметри, – изјавија од општина Македонска Каменица.


Од Општината надополнуваат дека градежните работни активности ќе продолжат со доуредување на пешачките патеки и тротоари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *