Започна акцијата за делење на заштитни маски за граѓаните во Македонска Каменица

Започна акцијата за делење на заштитни маски за граѓаните во Македонска Каменица

 

Македонска Каменица, 01.04.2020 година – Со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, општина Македонска Каменица денеска ја започнаа акција за бесплатно донирање на заштитни маски за секое домаќинство. Во акцијата се вклучени неколку мобилни тимови од вработени во општина Македонска Каменица. Маските обезбедени од општина Македонска Каменица во соработка со Рудник Саса денес ќе добијат граѓаните од колективните станбени живеалишта. Во текот на утрешниот ден акцијата продолжува со делење на заштитни медицински маски за домаќинствата во индивидуалните живеалишта и ќе продолжи во селските средини.

Од денес, во текот на наредните неколку денови, вкупно 7000 маски ќе бидат поделени на домаќинствата, а во изминатите денови заштитни маски од општина Македонска Каменица добија сите јавни локални институции, вклучувајќи ги и подрачните канцеларии на Министерствата.

Од општината се апелира до граѓаните, да ги користат маските согласно препораките на епидемолошките служби и да ги почитуваат мерките на Владата за заштита и превенција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *