Започната дезинфекцијата на јавните површини во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица покрај редицата апели и препораки до граѓаните за почитување на мерките од Министерството за здравство, денес на официјалните социјални медиуми објави известување до граѓаните дека е започната дезинфекција на јавните површини и фрекфентни улици во градот. Известувањето до јавноста го пренесуваме во целост:

“По вчера одржаниот состанок на Локалниот совет за превенција и донесените препораки и заклучоци од истиот, општина Македонска Каменица со сите свои ресурси се вклучува во спречувањето на ширењето на корона вирусот и зголемена заштита на здравјето на граѓаните.
Од раните утрински часови машински и рачно се врши дезинфекција на градскиот плоштад и останатите јавни површини во централното градско подрачје. Следува дезинфекција и перење на најфреквентните сообраќајници во градот, а веќе е извршена дезинфекција и на комплетната урбана опрема.
Дезинфекцијата на јавните површини и градските улици ја врши ЈП „Камена Река“, а ќе продолжи во соработка со ТППЕ Македонска Каменица.
Здравјето пред се.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *