Започнаа градежните активности за изградба на повеќе локални патишта во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 12. Октомври 2023 година – Општина Македонска Каменица започна со реконструкција на повеќе локални патишта во селата Моштица и Дулица. Како што истакнува градоначалникот на општината, Димчо Атанасовски станува збор за локални патишта со вкупна должина од околу 3 километри.

 

 

– Во моментов, вршиме пробивање на трасите од локалните пристапни патишта. Следуваат градежни активности кои опфаќаат тампонирање и асфалтирање на истите. Паралално со овие активности, активно работиме на поставување на отворени канали и пропусти за решавање на проблемите со одводнувањето на атмосферските води, – истакнува Атанасовски

 

 

Општината продолжува да вложува во изградба на нова и модерна локална патна инфраструктура во сите рурални средини. Станува збор за инвестиција со која значително со подобруваат условите за мобилност на сите жители на Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *