Заврши рехабилитацијата на регионалниот пат Берово – Клепало

Заврши рехабилитацијата на регионалниот пат во должина од 6,2 километри на делницата Берово – граничен премин Клепало. Како што информира градоначалникот Звонко Пекевски, вредноста на инвестицијата е 75,7 милиони денари.

Од бугарска страна, годинава треба да се асфалтираат последните километри од Струмјани до Клепало со што ќе бидат обезбедени сите предуслови за поврзување на луѓето од двете страни на границата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *