Забрана за користење на сите спортски терени, игралишта и забавни паркови во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 08.04.2020 година – На последниот состанок на Општинскиот Кризен штаб за спречување и ширење на заразата со Ковид 19, одржан на 06.02.2020 година, беше разгледана актуелната состојба предизвикана од новиот вирус Ковид – 19 и во согласност со најновите мерки на Владата и Министерството за здравство помеѓу останатите заклучоци беа донесени следниве забрани за користење на спортските терени, игралишта и забавни детски паркови на територијата на општина Македонска Каменица:

– Препорака до спортските клубови и здруженија да престанат со сите спортски активности и тренажни процеси, кои опфаќаат присуство во спортски објекти и спортски игралишта.

– Општинскиот Кризен штаб воведува забрана користење и присуство на забавните детски паркови, повеќенаменски спортски игралишта, спортски објекти и помошни игралишта на територијата на општина Македонска Каменица. За таа цел ќе бидат поставени информативни табли за граѓаните кои ќе потсетуваат на забраната за користење.

Забраните за користење на спортските терени, игралишта и забавни паркови остануваат на сила до траење на опасноста од ширење на коронавирусот. Општинскиот Кризен штаб ги известува граѓаните и спортските здруженија дека прекршувањето на забраната подлежи на прекршочна и кривична одговорност пред органите на државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *