ЖФК Каменица САСА е есенски шампион на Македонија

ЖФК Каменица Саса минатата сезона беше државен шампион во Прва ЖФЛ и летоска играше во квалификациите во Лига на шампиони, а во новата сезона по првите 15 кола односно во есенскиот и првиот дел од првата полусезона тимот е есенски шампион со 39 бода.

Првенството е изедначено и во секое коло се менуваше тимот кој беше на чело на табелата, но по завршувањето на полусезоната сосема заслужено Саса е есенски шампион. На вицешампионското место е тимот на ЖФК Тиверија од Струмица со 35 бода, а од трето до петто место се екипите на: ЖФК Деспина Прилеп, ЖФК Скопје и ЖФК Ас Јунајтед од Струга сите со 34 бода.

Изненадување во лигата е високиот пласман на ЖФК Речица и клубот се наоѓа на одличното шесто место со 23 освоени бода. ЖФК Истатов и ЖФК Шкендија се во ,,златната средина”, додека останатите осум екипи се во зона за испаѓање.

Од наредна сезона е во план првопласираните осум екипи да играат прва лига, додека од оваа сезона последните осум екипи да се во втора лига. Убедливо најслаба екипа е ЖФК Кочани и затоа е на последната позиција. Битолските екипи ЖФК Топ Гол и ЖФК Атлетико ќе водат грчавите битка заедно со Шкупи и Љуботен за опстанок во првенството.

Најефикасна екипа е ЖФК Каменица Саса со 84 гола, а исто така овој тим има и најдобра одбрана во лигата со само пет примени гола и затоа сосема заслужено со сите параметри се и есенски шампиони. Троцифрен број на примени гола во лигата е тимот на ЖФК Кочани со 136 гола во нивната мрежа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *