ЖФК „Каменица САСА“ ги даде првите репрезентативни имиња од Македонска Каменица

Македонска Каменица, 18. Април 2018 година – Само една година од постоењето на ЖФК Каменица САСА, Македонска Каменица веќе има неколку имиња на млади каменичанки кои се дел од младинските состави на женската фудбалска репрезентација на Македонија.

Дајана Ристовска и Вероника Николова се родени во 2004 година. Двете се од Македонска Каменица, играчи во средниот ред и стандардни првотимци на ЖФК Каменица САСА. Тие веќе се дел и од У-15 проширениот состав на репрезентацијата. Во поширокот состав на У-17 репрезентацијата и учесник на тридневен Меѓународен турнир со репрезентацијата на Македонија во Босна е Ана Ристовска. Исто така млада каменичанка која доаѓа од редовите на ЖФК Каменица САСА. Ана Ристовска е играч од одбраната, таа е родена во 2003 година. 

Другите две стандардни репрезентативки на У-19 репрезентацијата на Македонија, кои доаѓаат од редовите на ЖФК Каменица САСА се Тамара Стериовска (десно крило) и Христина Јошевска (стопер). Бележат одлични настапи во редовите на Каменица САСА како и во репрезентативниот состав.

ЖФК Каменица САСА бележи уште еден успех на репрезентативно ниво. Тренерот на ЖФК Каменица САСА, Зоран Златковски е нов тренер на младинската У-15 репрезентација. Дел е од развојниот проект за подготовка и оформување на оваа младинска категорија во државата, со цел настап во квалификациите од наредната фудбалска година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *