ЖКК Баскет Кам ја “згази” досега непоразената ЖКК Струга

Македонска Каменица, 22.03.2019 година – Денес, во спортската сала во Македонска Каменица, со почеток од 19:00 часот, се одигра 13.Коло од младинската кошаркарска М-18 лига во женска конкуренција. Натпревар во кој се сретнаа второпласираната ЖКК Баскет Кам и досега непоразената екипа ЖКК Струга од Струга.

До оваа значајна победа од 61:40 поени, младите каменичанки успеаа да дојдат со одличната игра во нападот и силната дисциплина во одбраната, особено во вториот дел од натпреварот.

Најефикасна на теренот и овој пат беше Моника Зафировска со 23 поени.

Тренерот Цветановски со особена радост и пофални зборови за прикажаната игра на сите девојки од тимот, нагласи дека денешниот натпревар е репер за одлична и пожртвувана игра. Игра каква што може да посака секој тренер. Се надевам дека прикажавме еден навистина одличен натпревар во кој уживаше и каменичката публика. На крај сакам да ја поздравам и гостинската екипа. Благодарност за прикажаниот фер-плеј и достојниот отпор. Денешната победа е императив за нас, бидејќи се натпреварувавме и поведивме против досега непоразената екипа во оваа младинска конкуренција.

Со оваа победа екипата на ЖКК Баскет Кам М-18 останува второпласирана екипа на табелата и сигурен учесник на завршниот Ф4 тунир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *