ЖКК Баскет КАМ се враќа на меѓународна сцена: Одиме на тројна круна во новата сезона

Актуелниот женски македонски кошаркарски клуб Баскет КАМ од Македонска Каменица ја стартува новата сезона. „Рударките“ имаат јасна цел и амбиции, а тоа се обединување на трите титули.

Првиот човек на клубот, претседателот Јордан Цветановски во пресрет на стартот на предизвиците што следат во новата сезона во разговор за „Спортклуб.мк“ ги истакна очекувањата.

 

 

-Во новата сезона влегуваме со нов тренер. На местото на Златко Гоцевски седнува Жаклина Стојановска која во минатото ги водеше ЖКК Вардар и ЖКК Работнички.

Во играчкиот ростер имаме една промена. Си замина Ана Милованова која реши кариерата да ја продолжи во Словенија, а ја донесовме искусната Ивана Кметовска. Сега засега тоа се промените во ростерот на екипата кон кого се приклучени и неколку млади надежни кошаркарки кои имаат голем потенцијал, изјави Цветановски.

Клубот од Македонска Каменица по две години пауза се враќа на меѓународната сцена. Ќе настапува во новоформираната Балканска кошаркарска женска лига (ББВЛ)

-Сезонава се враќаме на меѓународните настапи преку новоформираната регионална лига. Се наоѓаме во група со Леотар Требиње од БиХ, Херцег Нови од Црна Гора и Раднички Београд од Србија. Првиот турни се игра од 30. септември во Требиње, додава Цветановски.

Првиот официјален меч во новата сезона Баскет Кам го игра в сабота против МЗТ Скопје во рамки на Супер Купот. Овој меч проти актуелниот освојувач на Купот ќе се одигра во СРЦ Кале.

-Целта годинава е јасна, обединување конечно на трите титули. Супер Купот, титулата во домашната лига и пехарот од Купот на Македонија. Нема да биде лесно, сите екипи се засилија. Иако сме една од ретките екипи во моментов без странски играчи, сепак сум голем оптимист и но јас верувам во мојот тим, заклучува претседателот на клубот.

Извор: sportclub.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.