Екипата од Македонска Каменица не ја одбрани титулата во сениорска конкуренција, но затоа триумфираше во Купот и Суперкупот на Македонија.
И новата сезона ја почна извонредно, по првата полуетапа се наоѓа на првото место, единствена без ниеден пораз.
Противкандидати на Баскет Кам за призннието за најдобра женска екипа во сениорски лиги беа шампионот Бадел и Вардар.
Наградата ја прими претседателот на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица, Јордан Цветановски.