ЖКК Баскет Кам го победи Куманово Гризли за прво место на табелата

Екипата од Македонска Каменица стигна до важна победа на свој терен против екипата на Куманово-Гризли (85:70).

 

 

Домашниот тим имаше две одлични четвртини, првата и третата. Во првите десет минути обезбеди двоцифрено водство (23:13), кое го задржа до одморот (47:37), за по третиот период се да биде јасно околу конечниот победник.

 

Поентерски, кај Баскет Кам 2011, во преден план излезе една комплетна петорка во која Димова беше стрелец на 24.поени, Поп Димитровска и Максимовска дадоа по 15, Адамовска 14, а Тасевска уште 12.поени. Во гостинската екипа 23 поени беа дело на Американката Џонсон, додека Алексиќ додаде уште 13.

Leave a Reply

Your email address will not be published.