Жителите на протест, бараат затворање на казината и обложувалниците во Општината (Видео)

Жителите протестираат против спортските обложувалници и казината. И децата и возрасните бараат тие да бидат затворени. Протестот започна веднаш по петочната молитва. Тие го блокираа патот што минува покрај зградата на општина Врапчиште. Демонстрантите потпишаа петиција и собраа 800 потписи, пренесе ТВ21.

На протестот, во знак на поддршка излезе и градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани, кој што испрати порака до институциите на централно ниво да ја почитуваат волјата на жителите на Врапчиште.

Демонстрантите порачаа дека доколку не се преземат мерки, ќе ги радикализираат протестите. Организациониот одбор на протестот информираше дека иницијативата на која собраа 800 потписи за затворање на овие локали, е испратена до државниот пазарен инспекторат, УЈП – Гостивар и до Секторот за урбанизација во општина Врапчиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *