ЖЕНСКИ МУАБЕТ СО ЕДИНА МУСА, КОШАРКАРКА И ФИТНЕС ШАМПИОН: Сексапилот ми е само плус

Кошарка игра од шест години, а фитнес тренира од 18 години. Убавата Едина Муса, за своите 26 години може да се пофали со светски успеси во двата спорта. Најтазе и е оној од Франција, на светското првенство во бикини фитнес (2017 IFBB World Fitness Championships), кое се одржа на почетокот од декември во Бијаритс, Франција. Оттаму Едина се врати со освоено 12-то место. По осум месеци пауза, шармантната бикини фитнес шампионка минатата недела го направи и својот кошаркарски камбек. На 27 јануари, таа повторно ќе заигра во женскиот КК „Вардар“. За својот сексапил и за сексапилот на секоја жена, вели дека може да биде само плус, но она во што најмногу верува се трудот и талентот. Низ провокативна фотосесија во која вели дека уживала, Едина е една од дванаесетте убавици во календарот на компанијата „Пелистерка“.

И се врати на кошарката по осум месеци.- Едина во спотот од кампањата за родова еднаквост во спортот „Девојки како нас“

За мој најголеми успех во кошарката го сметам тоа што играв во Америка во колеџ лигата НСАА. Таму настапував за Универзитетот „Линколн Меморијал“, четири години. Потоа се вратив во Македонија, и горда сум што речиси десет години играв за женската македонската кошаркарска репрезентација, и имам освоено доста награди со неа.“, изјави Едина за „Женски Магазин“. Нејзин нов шампионски предизвик и страст е фитнесот, поради кој извесно време паузира во кошарката.

Сега фитнесот ми е нов предизвик, во моментов се насочив на него. Направив мала пауза во кошарката, но сега овој месец и се враќам и планирам да ја завршам оваа сезона во КК „Вардар“. Со бикини фитнесот успеав да освојам прво место на државно ниво и со тоа си обезбедив учество на светското првенство, кое лани во декември се одржа во Франција. Бев рангирана како дванаесетта во целиот свет“, вели Едина за своите светски успеси.

Со фитнесот успеав да освојам прво место на државно ниво и со тоа си обезбедив учество на светското првенство, кое лани во декември се одржа во Франција. Бев рангирана како дванаесетта во целиот свет“, вели Едина за своите светски успеси.

Шармантната спортистка не се кае што поради новиот спорт ја ставила во мирување кошарката. Нејзиниот авантуристички дух ја тера секогаш да пробува нови предизвици.

Фитнесот од секогаш ми бил голема љубов, од секогаш сум го сакала како спорт. Од мојата 18-та година вежбам во теретана. Кошарка играм 20 години, и имам освоено доста награди, па затоа фитнесот го видов како нов предизвик, и еве, се покажа дека добро ми оди, па ќе видиме и понатаму.“

За Едина, кај една спортистка, за успехот е пресудна пред се работата и талентот. На социјалните мрежи таа често објавува свои фотографии во бикини или фитнес облека, но секоја од нив е врзана со некој нејзин спортски успех. „Физичкиот изглед може да ми биде само плус. Како во спортот, така и во се друго во животот, привлечноста и сексапилот кај жената е секогаш плус“, вели Муса и додава оти било напорно, но навистина интересно на фотосесијата за календарот со мото „Вода за најдобри“ во кој таа е лицето за месец март.

Низ провокативна фотосесија во која вели дека уживала, Едина е една од дванаесетте убавици во календарот на компанијата „Пелистерка“

Беше напорно, но навистина беше многу интересно и уживав додека работевме на календарот. Се надевам дека и вие ќе уживате во неговиот производ“, ни рече Едина. Со неа, го искоментиравме и машко-женскиот сооднос во спортот и неговите достигнувања.

„Жените спортистките се за жал послабо платени од мажите. А трудот кој го вложуваме ние е ист како и мажите, дури можеби и поголем. Иако немаме толку добри услови и не сме многу платени, ние посветено работиме и искрено се надевам дека тоа во иднина ќе се промени“, раскажа Едина која на фитнесот му посветува два тренинга на ден. Нејзината исхрана како професионален спортист и тренер по фитнес, зависи од тоа дали и претстои натпревар.

Жените спортистките се за жал послабо платени од мажите. А трудот кој го вложуваме ние е ист како и мажите, дури можеби и поголем.- Едина Муса

Начинот на исхрана ми зависи од тоа дали е период пред или по натпревар. Пред секој натпревар во фитнес, режимот на исхрана е многу строг. Се базира на чисто месо, варено или печено, значи повеќе протеини, а јаглехидратите и масите се сведени на минимум. По натпревар можеме малку да си го почастиме организмот“, изјави Едина. За својот приватен, љубовен живот таа не сака многу да зборува. Среќна ја прават најблиските, семејството, за себе вели дека е фамилијарна личност. „Уживам да одам во театар, да излегувам, ги сакам луѓето, го сакам животот.“, раскажа Едина.

За Женски Магазин

Милица Џаровска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *