Елена Тасевска блесна во Баскет Кам и го привлече вниманието на неколку странски клубови

Младата 20 годишна кошаркарка од Битола, Елена Тасевска иако ја игра првата сезона во шампионот Баскет Кам, веќе се покажа како полн погодок за управата на клубот што ја ангажираше во пресрет на почетокот на сезоната.

Иако е така млада, сепак Тасевска која игра на бековските позиции веќе има меѓународно искуство со оглед на тоа што играше за Стабиа во Италија.

Сезонава иако по малку од сенка, сепак изби во преден план кај тренерот Јордан Цветановски кој и даде шанса, а таа максимално ја искористи и ја оправда довербата.

Тасевска сезонава во регионалната ВАБА лига имаше просек од 9.5 поени и 4,5 скока по меч, а одлични бројки бележи и во домашниот шампионат.

Во првите два финални меча од разигрувањето за титула против Бадел таа беше најефикасна во редовите на составот од Македонската Каменица.

На првиот меч игран во Скопје запиша 12 поени, додека на оној на домашен терен даде 20 поени. Токму овие игри не останаа незабележани од неколку странски екипи кои веќе отворено пројавија интерес за нејзините услуги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *