Екипата на ФК Каменица-САСА (2004/05) ја победи ФК Брегалница – Делчево со 8:0 за влез во финале

13. Мај (kamenica.mk)

Македонска Каменица

 

Денес во Македонска Каменица се игра завршниот турнир од детската лига – Исток. Во вториот полуфинален натпревар во категорија 2004/5 екипата на ФК Каменица-САСА ја победи екипата на ФК Брегалница од Делчево со високи 8:0. Другото полуфинале го одиграа екипите на ФК “Фудбал-Старс” – Кочани и ФК Слога 1934 – Виница со резултат 4:2.

Следува финалниот натпревар во кој екипата на ФК Каменица-САСА ќе игра против екипата на ФК Фудбал-Старс од Кочани. Со победа во финалето нашите млади каменички фудбалери обезбедуваат пласман на завршниот турнир кој ќе се игра во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.