Екипата на ЖФК Каменица САСА се врати со победа од натпреварот против ЖФК Истатов

Екипата на ЖФК Каменица САСА се врати со победа од натпреварот против ЖФК Истатов

На стадионот во Пржино, Скопје во рамки на последното одиграно коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, вчера со почеток од 15:00 часот се сретнаа екипите на ЖФК Истатов и нашата екипа ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица.

Девојките од Македонска Каменица успеаја да слават со 2:1 на овој исклучително важен и тежок натпревар. Со вчерашната победа и само еден бод заостанување зад лидерот на табелата, екипата на Љуботен од Тетово, остануваат во игра и се сериозни конкуренти за освојување шампионатот на Македонија во оваа натпреварувачка сезона.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *