Екипата на Баскет Кам ја продолжи доминацијата над скопски Бадел 1862

Екипата од Македонска Каменица го потврди првото место со убедлива победа (89:63) против Бадел 1862, и трипл-дабл на Кметовска…

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет кам шампионски против „баделки“, Куманово-Гризли е трет!

Со две расположени, за игра, кошаркарки, тешко дека екипата на Бадел 1862 може, барем во овој момент, да биде конкурентна со екипата која ја брани титулата, но и другите трофеи освоени во текот на оваа сезона.

Тоа се покажа и во дуелот од седмото коло од „Оролоџото“ односно последното во регуларниот дел од сезоната.

Кошаркарките на Баскет Кам 2011 стигнаа до убедлива гостинска победа (89:63), за потврда на првата стартна позиција пред почетокот на плеј-оф натпреварите.

Ја најавија уште во првиот период, кој го добија со сигурни (25:16), а кои до полувремето ги удвоија, и дојдоа до уште повисоки (49:32). Во слично темпо се одвиваа настаните и во второто полувреме во кое фаворитот го покажа својот квалитет и стигна до триумфот во кој Димова се вгради со реализација на 24.поени и девет скока, Адамоска заврши со 21.поен (и шест скока и четири асистенции), Зубац реализираше 14.поени.

Сепак, Ивана Кметовска беше играч на натпреварот.

Не само поради трипл-дабл ефектот од 13.поени, 14.скока и 11 асистенции, туку многу повеќе поради своето „присуство во рекетот“ на двете страни од игралиштето.

Во домашната екипа, дефинитивно се одвоија Томпсон, со 29.поени и 11.скока, односно Баркли, која на 16. реализации дојде и исто толку скокови (и три асистенции).

Некогашниот шампион ќе го стартува четвртфиналето со серија против третопласираната екипа во оваа завршна фаза, Куманово-Гризли, која во мечот на одлука, на свој терен го победи МЗТ Скопје Аеродром со (60:46).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *