Едукативни работилници по повод 5-ти Март – Денот на заштеда на електрична енергија во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 06.03.2020 година – Во ООУ “Св. Кирил и Методиј” по повод 5 март – Ден на заштеда на електрична енергија според светскиот еко-календар беа спроведени повеќе активности од едукативен и практичен карактер. Во рамки на проектот, од страна на учениците беа изработени хамери со приказ на електрични апарати, бела техника и насоки и совети за заштеда на електрична енергија. Изработките беа презентирани, со цел подигање на свеста кај учениците за заштеда на електрична енергија и употребата на алтернативни извори на енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.