Една-две думи на каменички дијалект за среќата, тагата и ќитењето со чужди перја

Знаете ле дека, коку и да искате некоаш да скриете дека се осиштате среќни или тажни, едноставно не бива. Мош на прв поглед да ви изглеа дека тај пред вас сте го излажали, ама нема врска…никоаш не е така.

На секој од нас, буквално на секој на лицето му се глеа тагата, маката или среќата. Лажните насмевки, тонови шминка или претераното смеање само ја истакнуваа и потенцираа тагата што у себе ја носиме. Никогаш немојте да се китите со туѓи перја, оти секоаш не ви прилегаа. Бидете природни и свои. Што и да осиштате, никој нема да ви го земе, вашо си е, ама споделете го со блиските, полесно ќе ви е. Нити па некој можете да излажете, освен сами себе. Тагата ве прави грозни, лоши, намрштени, прави да мразите, како што викаме „до пладнина се околу себе, а попладнина и себе“.
Само среќата дава убав сјај у очите и не прави убави и мили. Иако искрено, не е лесно у денешно време за еден обичен човек да е убав, ама ако е среќен има повеќе шанси да изгледа на моменти пријатно и привлечно.

Трудете се сте среќни, сакани и да ширите само позитивна енергија, да имате позитивни мисли во вас и во текот на денот да успеете да насмеете барем еден човек околу вас. доволно е. Сакајте се и сами себе, ближните и сите околу вас, у това е среќата. Љубовта само со љубов расне. Од завидл’к, жалење се и тагување никој аир не е видел. Маѓепсувајте со љубов, некој едвај чека на таквиа нешта од вас.

(каменица.мк како интернет портал кој обработува информации, тематски содржини и новости од источниот регион на Македдонија, продолжува да укажува на потребата за постојана употреба на литературниот македонски јазик и неговиот правопис. Но, од друга страна преку вакви кратки „салфет“ текстови, во иднина ќе продолжи да го поттикнува и зачувувањето на каменичкиот дијалект како посебно говорно наречје од македонскиот литературен јазик)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *